Крвната група и стресот: Еве кои го поднесуваат полесно, а кои потешко

Како ќе се носите со стресот зависи и од тоа која крвна група сте. Начниците покажаа, на пример, дека лицата со крвна група А најлошо го поднесуваат стресот. Тоа е затоа што имаат повисоко ниво на кортизол во крвта – хормон одговорен за чувството на стрес. Во превод, тие се поподложни на последиците од стресот во споредба со останатите крвни групи.

Лицата со крвна група 0, пак, најдобро се справуваат со стресните ситуации, но истовремено и му треба помош на телото да го исфрли хормонот кортизол. За таа цел најдбро ќе им помогне енергична физичка вежба, која експресно ќе го отстрани чувството на стрес.

На лицата со крвна група B најмногу им одговараат јога и други благи облици на физички вежби, додека лицата со крвна група AB најдобро функционираат кога дневната рутина им е урамнотежена, без преголеми осцилации во нивото на стрес.

- Реклама -