Фудбал во Аргентина: Старт за во самица, гумени куршуми, стотина приведени

Грозните случувања во натпреварот од 20-тото коло во аргентинското првенство меѓу Los Andes и Brown Adrogue со право го привлекуваат вниманието и во Европа. Средбата ја обележаа како бруталноста на теренот, така и големите навивачки нереди.

Да тргнеме со ред. Прво, во 29-тата минута, фудбалерот на гостинската екипа Мартин Минадевино доби директен црвен картон за бруталниот старт над Gustavo Turraca. Потегот е ретко виден на фудбалските терени, а многу потипичен за во кунг-фу филм, а заслужува не црвен, не затвор, туку самица. За каков старт се работи, најдбро ќе видите во видеото:

За среќа на противничкиот играч, помина само со раскрварена долна вилица.

Сепак, тоа не беше крај на грдите сцени, а за сé останато се потрудија навивачите на двете екипи. По меѓусебното провоцирање, дојде до физичка пресметка на трибините, поради што мечот беше прекинат, а реагираше и полицијата. Според известувањата на странските медиуми, кордонот аргентински специјални единици бил принуден да користи гумени куршуми. Во епилогот од сето тоа, уапсени се околу стотина навивачи на двата тима.

Мечот потоа продолжи, а Los Andes ја искористи предноста од фудбалер повеќе и на крајот славеше со 2:0.

- Реклама -