Грчките медиуми за историската посета на Коѕијас

Слетувањето на скопскиот аеродром по пауза од 12 години, шеширот на Коѕијас, но и различните позиции на Скопје и Атина во преговорите, се дел од точките на кои грчките медиуми го ставаат акцентот во текстовите за вчерашното пристигнување на министерот за надворешни работи на Грција, на скопскиот аеродром.

Освен делегација од грчкото МНР, со Коѕијас во Скопје пристигнаа и новинари од различни грчки медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчките телевизии во синоќешните централни изданија на вестите, имаа вклучувања во живо од Скопје.

– Климата во пресрет на разговорите би рекол дека е чудна. Постапката на скопската страна оддеднаш да прати текст со забелешки, на два дена пред средбата, предизвика загриженост во Атина, затоа што тоа не беше предвидено од процесот за кој се договорија двајцата премиери во Давос.

„Овој текст како да беше напишан од самиот Груевски, затоа што ги содржеше сите радикални позиции на скопската страна“, објави грчката државна телевизија ЕРТ, повикувајќи се на дипломатски извор, во јавувањето на нивниот новинар од македонската престолнина.

Целата статија – тука
ALSAT M

- Реклама -