Кичево, 14 август 2021 (МИА) – Дваесет и осум годишна медицинска сестра вработена во кичевската Општа болница, почина од компликации од Ковид 19. Таа со тешка клиничка слика пред три дена била префрлена на скопските клиники, каде што и починала. Била вработена во матичната служба, потврдија од Општата болница во Кичево, од каде информираа дека сестрата не била вакцинирана против Ковид 19.
Ова е трет случај на починат од ковид за краток период во овој град, откако претходно починаа двајца постари жители на градот 72 и 74 години.
-И во трите случаи пациентите починале во болниците во главниот град, потврдија од кичевската болница.