ВИДЕО: Ечеше „Македонија, Македонија!“ по победата над грчките иселеници во Австралија

Preston Lions – фудбалскиот клуб „кој ги брани боите на Македонија“ во австралискиот фудбал, сметан за клуб на македонските иселеници, во Купот на Австралија се соочи со голем и емотивен предизвик – тимот на Clifton Hill, кој се смета за клуб на грчките иселеници.

По првите 90 минути немаше победник – мечот „заврши“ со нерешен резултат од 2:2, ама во дополнителните 30 минути Престон даде гол за победа од 3:2 и голема радост меѓу редовите на „Лавовите“.

Еве како изгледаше атмосферата во соблекувалната. Очекувајте многу „Македонија! Македонија!“

- Реклама -