Едноминутен молк, полн со емоции… за Астори

Јувентус славеше на гостувањето кај Тотенхем со 1-2 во реванш пресметката помеѓу овие две екипи во осминафиналната рунда од Лигата на шампионите.

Италијанскиот тим со гостинскиот триумф и домашното реми од 2-2 продолжи во следната рунда, а пред да почне средбата на Вембли во Лондон имаше доста емоции откако беше оддадена почит на починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.

Од тоа што можеше да се забележи, Буфон и Кјелини едвај се воздржаа да не се расплачат во оваа ситуација…

- Реклама -