Вардар веќе не ни мора да игра со Висла за да биде прв

Рајн Некар и Нант одиграа нерешено 30-30, а тоа значи дека Вардар ќе остане на првото место во групата без разлика на исходот од утрешниот меч против Висла.

Викендов се игра последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а Вардар го завери првото место уште пред да почне утрешниот натпревар против Висла Плоцк.

Тоа се случи благодарение на Рајн Некар кој не загуби на свој терен од Нант. Францускиот тим водеше во поголемиот дел од мечот но Германците на крајот извадија реми.

Филип Талески постигна три гола, а одигра одлично и во одбраната. Анди Шмид беше најдобар стрелец кај Рајн Некар со пет гола.

Ако Вардар го загуби утрешниот натпревар ќе остане на 20 бода колку што има и Нант, а толку може да има и Барселона доколку го победи ПИК Сегед, но европскиот шампион има подобар меѓусебен дуел и од двете екипи, и во една мини табела би имал најдобар скор.

Вардар утре од 17 часот го игра натпреварот со Висла Плоцк.

- Реклама -