Зошто е опасно да соблечеш кондури во авион

Ако често летате, ќе забележите дека добар дел од патниците милуваат да се раскомотат и да си ги соблечат чевлите уште истиот момент кога ќе седнат на седиштето.

Тоа, во суштина, е лоша идеја, порачува една поранешна стјуардеса.

Настрана тоа што нозете и чевлите имаат тенденција да смрдат, а од смрдеата најмногу страдаат луѓето околу тој што смрди…

… Соблекувањето на чевлите може да се покаже и како доста опасно.

Имено, чевлите се клучни во евентуална вонредна ситуација во текот на летот, иако не ги спомнуваат меѓу безбедносните информации.

Во таква ситуација на вонредна состојба, на патот до излезот од авионот можат да ви се најдат секаков вид отпад, материјали и површина непријатна за одење.

И по папучи не е паметно.

Истото важи и за надвор од авионот. Ако стапалата не ви се соодветно заштитени, ќе ви биде многу потешко да стигнете на безбедно. Ако ништо друго, може да завршите со сериозни рани.

Ви треба посликовито? Ај вака: Замислете дека трчате боси до излезот преку скршено стакло, активен пожар и парчиња метал. Ви текнува на Џон МекКлејн (Брус Вилис) во „Умри машки“? Е па, ќе бидете како него, само уште полошо.

Притоа, секоја секунда одложување при итна евакуација може да значи живот или смрт, а да не зборуваме и за општата паника и хаос што обично владее во такви ситуации.

Па, следен пат кога ќе бидете во авион, пренесете му го ова на тој патникот што ќе реши вака да се однесува. Нека размисли дали сака тој да е тој настраданиот што решил да луфтира стапала.

 

 

- Реклама -