Посна крем супа (РЕЦЕПТ)

4-5 компири

2 лажици таан

Сок од ½ лимон

Сол, бибер, копар/магдонос

Излупените компири се варат во толку вода колку да се покријат компирите. Кога ќе се сварат се вадат од водата и се ладат. Изладени се ставаат во блендер со 1 чаша ладна вода, таан и лимон. Се блендира и се истура во водата во која бил варен компирот. Се додава толку вода колку да се добие густина на крем-супа.

Се остава да зоврие и се зачинува со сол, бибер и копар или магдонос.

Ова е основен рецепт за крем-супи на вода. Може да се употребуваат многу комбинации: компир + морков, компир + печурки, компир + грашок, компир + спанаќ, компир + праз, компир + брокула и сл.

- Реклама -