Колкава е сенката на Меси? Анри до Нејмар

Еден од најдобрите напаѓачи кои се родиле на земјинава топка, Тјери Анри, кој воедно и 3 сезони играше во истиот состав со Лионел Меси, му порача на младиот Бразилец Нејмар дека доколку сака да излезе од сенката на Меси треба да го смени спортот, а не клубот.

– Многу долго време се говори дека Нејмар ја напуштил Барселона со единствена цел, а тоа било да избега од сенката на Лионел Меси. Но, едно е јасно, Меси е играчиште и сите фудбалери можат да бидат во сенка на него. Ако Нејмар сака да излезе од сенката на Меси, тогаш ќе мора да го промени спортот и да излезе надвор од фудбалот, – дециден е Анри.

- Реклама -