Проблемот со новиот кампус на Apple

„Новата“ централа на Apple Inc. е една огромна канцеларија во облик на прстен и преполна со стакла – нешто што би се очекувало од компанија што е најпозната по својата опсесија со дизајнот и естетиката. Кампусот беше оценет како архитектонско чудо, а е олицетворение на визијата од пред неколку години на коосновачот на Apple – Стив Џобс, кој во 2011-та ја опиша идната зграда како „налик на слетан вселенски брод“.

Зградата е дизајнирана да „вдоми“ околу 13.000 вработени. Кога магазинот Wired првпат ја посети лани, ја опиша структурата како израз на отвореност и слободно движење.

Зградата, лоцирана во Купертино, Калифорнија, ја обиколуваат ~13.5-метарски закривени панели од појачано стакло, а слично е и со канцелариите внатре, наречени „pods“ – дизајн кој исто така му се припишува на Стив Џобс. Се смета дека соло канцелариите направени од стакло придонесуваат за отвореноста на просторот и ги прават луѓето поблиски (и нивната соработка подобра).

Има само еден проблем. Вработените во кампусот на Apple, исто како и обичната раја, често зјапаат во нивните Ајфони додека работат на нивната популаризација. Тоа резултира со многу случаи на невнимателни вработени кои во од се удираат во стаклените панели, велат анонимни извори од центарот.

Некои од вработените почнале да лепат самолепливи белешки на стаклените врати за да го „одбележат нивното присуство“. Но сите стикери набрзо се отстранети, бидејќи го нарушуваат дизајнот на зградата. Во меѓувреме, вработените бараат и понекогаш наоѓаат и други начини да го обележат присуството на стаклото.

Официјалните лица на Apple одбиваат да коментираат. Нема податоци за тоа колку вакви случаи имало. Нема ни извештаи за повреди.

Но проблемот може и да не е така смешен како што се чини. Иако мала е веројатноста дека некој вработен би се осмелил, голема е веројатноста некој од отпуштените да го направи тоа. Зборуваме за тужбата од 2011-та, кога 83-годишната Evelyn Paswall се плесна во стаклото на излогот на продавница на Apple и си го скрши носот. Следеше тужба кон компанијата, со образложение дека требало да постават предупредување на стаклото. На крајот тоа се реши без никаков трошок за Apple, но ако се покаже дека бројот на случаи на вработени со повреди поради стаклото е енормно голем… Којзнае…

- Реклама -