Како изгледа оброк од 300 долари по човек во 7-миот најдобар ресторан во светот

Еден пар што има фукнато 600 долари на вечера за двајца во ресторан во Бангкок, ги сподели своите искуства на Imgur. Бидејќи шансите се мали дека некој од нас ќе го направи истото, ајде да видиме што јаделе.

Се работи за ресторанот Gaggan, наречен така според главниот готвач Gaggan Annand, а оброкот е опишан како „патување низ модерната индиска кујна низ 25 емоџи“. Во превод, се работи за „тура“ од 25 различни јадења, што иако се чини како огромна количина, набрзо ќе сфатите дека не е.

Менијата изгледаат вака:

Aко ја нарачате целата тура, добивате вакво. Со пенкало обележувате меѓу кои оброци сакате да ви донесат ново вино.

Според The World’s 50 Best Restaurants, ресторанот на Gaggan е седми најдобар во светот, а трета година по ред е прогласен за најдобар во Азија. Сето тоа се должи токму на главниот готвач Gaggan, заради кој (наводно) инспекторите на Мишелин специјално патувале до Бангкок. Уште при првата посета, Gaggan добил две Мишелин ѕвезди. Го опишуваат како рок ѕвезда на готвењето, вози BMW, и е неверојатно иновативен со храната.

А еве како изгледаат јадењата. Пазете, некои од нив се спремаат и по 5-6 дена (детални описи во линкот подоле).

Ако евентуално ви падна смешно за што тоа ги дале луѓево парите, чисто да знаете дека првпат таму јаделе во 2013-та, кога биле на меден месец. Толку било добро што после некоја вечер пак се вратиле. Четири години подоцна, на четиригодишнината од бракот, пак резервирале за во ресторанов, и тоа уште пред да резервираат авионски карти и сместување. До толку е добро, велат. Велат дека дефинитивно би се вратиле и четврти пат.

Детали за секое од јадењата и целото тоа искуство прочитајте во оригиналниот пост.

PS. Ако ништо од ова не ве убеди и на крајот сепак преферирате печено прасе, ѕирнете го најстариот ресторан во Мадрид.

 

- Реклама -