ВИДЕО: Крадел од автомобили среде бел ден на Клинички. Фатен е

На Фејсбук е споделена снимка од апсењето на човек што очигледно никогаш нема играно „stealth“ игрици.

Крадецов, освен што крадел чанти од автомобилите во кругот на Клиничкиот центар среде бел ден, не се ни помачил да користи хебла или штрафцигер, туку апла ги кршел прозорците.

На ничие изненадување, фатен бил од обезбедувањето, а потоа и предаден на Алфите.

Ако случајно ви падне жал слушајќи ги молбите на крадецот да му ја пуштат раката, можете слободно да си турите шампањ и да го прославите фактот што не сме Индија. Таму полицајците ќе го заплескаа со тоа дебелите дрвени прачки и немаше да чувствува ни рака, ни нога, ни прст. После ќе го уапсеа.

- Реклама -