Животот на „улицата“ тесна 30 сантиметри (видео)

Во старото јадро на ирачката престолнина Багдад ќе ја најдете „најтесната улица на светот“. Долга е 70 метри, а широка е само 30 сантиметри.

Се провлекува меѓу куќи стари повеќе од 9 децении, а локалните ја нарекуваат „derbun“ – што во превод значи… *drumroll* … тесна улица. Mind blown.

Дали ова навистина може да се смета за „улица“ и дали навистина е баш „најтесната“ во светот, не сме сигурни. Но едно е сигурно, луѓето кои живеат на таа адреса имаат приказни какви што има ретко кој друг во светов.

Вкупно осум куќи излегуваат на оваа улица. Куќите се стари, занемарени и мали, што доволно демонстрира дека животот на луѓето во нив не е лесен. Тесната улица дополнително им го отежнува.

Јаси Мутасар, на пример, кој таму живее 35 години, вели дека не може да внесе никаков мебел во домот. „Купв машина за перење, ама не можев да ја донесам до куќата. Со часови чекав на почетокот на улицата. На крајот му ја продадов на некој друг“.

Таму живее и Ебу Абдула. Според него, низ улицата не можат да се пробијат ни погребалните претпријатија. „Ако почине некој од куќите, ковчегот се пренесува преку крововите до споредните улици, па потоа на гробишта“…

Звучи забавно, а?

- Реклама -