Македонија е грчка, и слични глупости

Се собраа милите ни комшии во Солун за уште неколку пати да повторат пар лаги во надеж дека ќе станат вистина. Колку се собраа? Уште не се знае.

Наддавањето околу бројот на присутни во коментарите сé уште е во тек, и не веруваме дека некогаш ќе престане. „Понудите“, тие грчките, почнуваат од 500.000 луѓе па нагоре. Последен пат кога проверивме, некој имаше пишано дека имало над 1.1 милион луѓе.

Можете и вие да им се приклучите, ТУКА. Наша препорака е македонските понуди да почнат од едно 9-10 милијарди луѓе па нагоре. Шо ако Солун не ги собира, и шо ако толку популација нема на планетава. И онака целава работа е апсолутно смешна.

- Реклама -