Претставен моторот Triumph Tiger Explorer XC 2013

Триумф ја проширува својата понуда во туринг сегментот со новиот Triumph Tiger Explorer XC за 2013, модел кој очигледно е инспириран од неговиот „помал брат“ Tiger 800XC.

Овој модел беше претставен на фановите за време на неодамна одржаниот Triumph Live –Фестивал кој е најголем Триумф фестивал во светот, а беше одржан во Малори Парк, во Англија. Официјалната презентација ќе се одржи на интернационалниот саем „Intermot“ во Келн. Потоа се очекува моторот да се најде во салоните на официјалните дилери до март 2013 година.

Triumph Tiger Explorer XC доаѓа со сет на алуминиумски бандажи со челични иглици со димензии од 19 инчи напред и 17 инчи назад, со што би се подобрила управливоста и до максимум би се искористиле бенефитите кои ги нудат тубулес гумите. Великодушната стандардна опрема која треба да го нагласи авантуристичкиот дух на овој моторцикл, ќе обезбеди сигурност и комфор при различен стил на возење без разлика дали е тоа кратка или подолга дестинација.

Другата опрема вклучува штитници за раце, 55 ватни светла за магла кои ја подобруваат видливоста при подолги ноќни возења, 22 милиметарски рол барови кои нудат заштита при возење и при најекстремни теренски услови, а тука е и листата со 54 опции за додатна опрема со што можете да си го кастамизирате моторот според вашите потреби и желби.

Новиот Triumph Tiger Explorer XC ќе биде придвижуван од три цилиндарски мотор со зафатнина од 1215цц кој постигнува моќност од 137кс. Моторот е опремен со cruise control, traction control, опционаленABS и shaft drive на кои му треба минимално одржување.

Новиот Триумф доаѓа како конкуренција на BMW R1200GS, Yamaha Super Tenere, Moto Guzzi Stelvio NTX и KTM Adventure. Цената сè уште не е позната за нашиот пазар, но по саемот во Келн ќе ги имаме техничките спецификации и цената.

Објавено во соработка со Мотори.

- Реклама -