Муабети што ќе ги наслушнеш на улица во Њујорк

Тип седел некаде во Њујорк и наслушнал муабет меѓу две девојки што не можел да го игнорира (зборувале за веганство, сончање, замрзнати јајце-клетки и питбули, сé во едно). Типов го објавил муабетот на Инстаграм (нека ве копка, справете се).

Еден во коментари му вратил дека често слуша апсурдни муабети низ Њујорк. Друг му вратил дека треба да отворат посебен профил за муабети што ќе ги наслушнеш во Њујорк. И ете, се родил – Overheard New York.

Избравме мала селекција од муабетите што ни се чинеа најзабавни. Некои се однесуваат стриктно на Њујорк. Други можеш да ги чуеш меѓу било кои две човечки суштества. Како и да е, доловуваат еден интересен дел од тоа што значи да се биде човек, не во онаа хуманата или просветлена смисла, туку човек како чуден склоп од атоми чие постоење е исполнето со баналности, апсурд, и хумор.

• – Од каде си?
– Од Кореја.
– Стварно? Од која, Северна или Јужна?
– Ај погоди.

• – Моравме да ја отпуштиме дадилката… Мојот сопруг ја најде на сајт за ескорт дами“

– Што ти барал сопругот на сајт за ескорт дами?“

• Мало девојче му мафта на гулаб: „Чао, улична кокошко!“

• Девојка: „Можеш да ми ја причуваш пијачката додека сум во веце?“

Тип: „Се разбира, ама дали мислиш дека е паметно тип што не го знаеш да ти ја чува пијачката?“

Девојка: „Те видов како ги изустуваш сите зборови додека одеше онаа песната од Џастин Бибер, па помислив дека си безопасен“

Тип: „Ах, океј, во право си. Ќе ти ја причувам“

• – Си бил/а ли врзан/а со лисици?
– Сексуално, или од полиција?

• – Зафатени сме викендов, поканети сме на грмотевична забава кај Грег.

– Што е грмотевична забава?

– Одбележуваме една година откако Грег го удри гром.

• „Сите знаеја дека е луда освен јас… Дури и службеникот на рампа на мојот паркинг ме праша: Што се случи со таа лудата што ти беше женска, не ја гледам нешто?“

• Бездомник ѝ довикува на дама со голема чанта: „Треба да си купиш подобра чанта! Нешто мало, едноставно и модерно!“

• – Дојди со мене во Мароко следната година за Денот на благодарноста.
– Не знам дали ќе ми се свиѓаш за една година.

• „Немаме кабловска, па обично гледаме пар од зградата од карши како раскинува“

• – Денес дремнав 5 саати.
– Прилично сум сигурен дека тоа се вика спиење.

• Девојка што излегува од тоалет: „Чисто да си знаеш, нема тоалетна“.

Девојката што влегува во тоалетот: „Нема проблем, тука сум само за да земам дрога“.

• – Каде ќе одиш после ова?
– Дома.
– Што е тоа, некој нов бар?
– Не, туку буквално дома.

• Мајка ѝ се обраќа на ќеркичката:
„Сакаш да застанеме да плукнеш на Кулата на Трамп, или да одиме право дома?“

• – Како е Скот?
– Сексот е одличен, ама ќе му раскинам.
– Зошто?
– Не рециклира.

• Возач на автобус:
„Еј, сите! Запомнете да си ги вклучите слушалките! Од вашиот изглед уште сега можам да проценам дека ви го мразам вкусот за музика!“

• – Што бараш?
– Типот што го управува оној дронот. Глеј колку мазно лета.
– Тоа е птица…

• Кондуктер во воз:
„Океј, ве молам извадете ги билетите. Подобро да не видам Кенди Краш или пораки до вашиот/та дечко/девојка. Само вашиот билет до Пеколот. Или Џерси. Како сакате викајте го.“

• Тип почнува да тропа на лименка во метро. Патник од спротивната страна:
„Само што се симнав од претходниот воз за да избегам од тип што рапуваше. Освен ако имаш намера да почнеш еб*на Бродвеј претстава, подобро престани сега“.

• Турист: Извинете, на која страна е водата?
Њујорчанец: „Остров е…“

• „Ја носев онаа „camo“ јакната со војничка шара што неодамна си ја купив, и еден дојде и ми се заблагодари што ѝ служам на земјата“.

• – Не можам да те најдам на Фејсбук.
– Си го пишувам името со руска азбука за да не можат потенцијалните работодавачи да ме најдат. Чекај јас ќе те додадам.

Instagram

- Реклама -