Во 2018-та, Кина ќе посади шума колку Ирска

 

Компаниите, организациите и експертите – сите се повикани да се приклучат во масивната кампања за зазеленување на Кина, вели Жанг Џианлонг – кинескиот министер за шумарство.

Кина продолжува со активните напори за справување со еколошките проблеми. Според планот објавен неодамна од кинеската влада, Кина планира до 2020-та година да ја зголеми тоталната шумска покриеност до речиси една четвртина од својата вкупна површина, од 21.7 на 23 проценти. Тоа значи дека според планот, во 2018-та планира да пошуми нови 6.66 милиони хектари – речиси колку територијата на Ирска (6.9 милиони хектари).

Во последниве две децении, Кина има потрошено околу 47 милиони долари на садење дрва. Во последниве пет години, пошумени се 33.8 милиони хектари. Вкупно, се проценува дека се потрошени околу 82.88 милиони долари на садење дрва и други активности на „реставрирање“ на природата.

Овие нови напори одат во пакет со нешто што Жанг го нарекува „еколошки црвени линии“. Тие нови регулативи наложуваат кинеските локални власти да го намалат „ирационалниот“ развој во близина на шумските области, реките и националните паркови.

Дејвид Вилкоув – еколог и биолог од универзитет Принстон, вели дека кинеската програма може да претставува импресивен модел на кој ќе се угледаат и другите делови на светот, особено тие што се соочуваат со големо уништување на шумите.

 

- Реклама -