Возач под дејство влетал на втор кат

Оваа ситуација е од оние „дур не видам не верувам“, ама за среќа, сé е документирано со фотографии.

Во калифорнискиот град Санта Ана, автомобил излетал од патот и се зарил во забна ординација. Само што, забнава ординација е на втор кат.

Автомобилот го управувал возач под дејство на наркотици. Се движел со голема брзина, а откако налетал на пешачки остров практично се катапултирал во воздухот.

При ударот и пробивањето на ѕидот настанал пожар, кој набрзо бил изгасен. Пожарникарите потврдуваат дека и возачот и совозачот во возилото се извлечени со полесни повреди. Други повредени немало.

Возачот признал дека користел наркотици, а во моментов е во болница на набљудување.

 

- Реклама -