Новогодишната атмосфера во Москва (галерија)

Imgur корисникот  е фотограф кој веќе една година живее и работи во Москва. Неодамна на Imgur сподели видео од тоа како тој ги доживува луѓето во Москва, особено во претпразнично расположение.

Видеото стигна на насловна, а меѓу многуте коментари се појави и овој:

„Знам дека многу барам, но имаш ли/можеш ли да направиш неколку слики од овој Божиќ во Москва. Баба ми порасна во мало село близу Иркутск и секоја година слави Божиќ на 6-ти јануари со нејзиното тамошно семејство. Пред неколку години се досели овде бидејќи овде има голем медицински напредок, а таа има многу здравствени проблеми. За Божиќ сакаше да си оди дома, но состојбата ѝ е премногу лоша и ова може да ѝ биде последен Божиќ. Сакам да си ја види татковината уште еднаш, макар и преку слики. Се надевам тоа ќе ѝ ја ублажи носталгијата и ќе ја направи среќна“.

И еве,  determunty испорача. Можеме со сигурност да тврдиме дека бабата на нарачателот не е единствената што ужива во фотографииве.

- Реклама -