Пола и повеќе од новогодишните украси во светот ги произведува еден кинески град

Подароците наводно ги прават Дедо Мраз и неговите елфови некаде таму на Северниот пол. А украсите, кај ги прават?

60% и повеќе проценти од сите новогодишни и божиќни декорации на светов се произведуваат во Yiwu, Кина, пишува Guardian. Во гратчето лоцирано во близина на Шангај има околу 600 фабрики во кои се прават огромни количини на лампиони, Дедо Мраз капи и сите други замисливи и незамисливи новогодишни и божиќни тракатанци.

Декорациите се продаваат на локалниот Meѓународен пазар во Yiwu, а дел од нив, очигледно, завршуваат и по нашиве продавници и тезги.

Во последниве години, Yiwu има сé поголема конкуренција од онлајн продавници како „Alibaba“ и „Made in China“, и веќе го изгуби водството на пазарот. Сепак, побарувачката за нивните новогодишни украси останува висока на домашно ниво. Тоа е такa затоа што сé повеќе и повеќе Кинези почнуваат да го слават и Божиќ покрај Новата година.

Да ѕирнеме како тоа отприлика изгледа.

19-годишниот Веи работи во една од фабриките во Yiwu. Работата му е да покрива полистиренски снегулки со црвен прав.

Менува по 10 маски на ден во обид да вдиши што е можно помалку од правот.

Тој и уште еден негов колега произведуваат по 5.000 црвени снегулки на ден. Платени се по околу 330 евра месечно.

А ова е во една од новогодишните продавници во Yiwu.

Целиот текст прочитајте го на Guardian.

 

 

- Реклама -