Силен земјотрес кај Измир, почувствуван и во Грција

Земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер ги потресе грчките острови Лезбос и Хиос.

Епицентарот на потресот бил во заливот на градот Измир во Турција.
Засега не е регистрирана материјална штета.

Повеќе потреси се забележани во Измир во последните неколку часа, по оној од 4,7 степени, со јачини меѓу 3,7 и 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Исто така, послаб земјотрес од 2,8 степени е забележан денеска во Грција, со сведоштва претежно во Атина и Патрас.

- Реклама -