Јапонски полицаец на точаче фати Lamborghini Huracan (видео)

Меѓу сето тоа посакувано внимание што дречливите суперавтомобили го привлекуваат по улиците, многу често е вклучено и полициското.

Баш тоа е случајот и во реткава глетка што ни стигнува од Јапонија – возачов на Ламборџини недозволено сврте на лево, а тоа го забележа еден јапонски патролен полицаец.

Патролен = на точак. Резултатот е: 537 коњски сили против двете нозе на јапонски полицаец.

Целото видео:

Коментарите по социјалните мрежи се само цреша на сеирот. Еден вика:

„Човече, да те фати џандар на женски точак каков што возат бабите? Тоа мора да е засрамувачко.“

Друг забележува:

„Навистина е љубезно како полицаецот клекнува за да може да разговара со возачот на исто рамниште“.

- Реклама -