Home Популарно на 365 Најкорисниот воен изум на сите времиња? Гарант го имате дома

Најкорисниот воен изум на сите времиња? Гарант го имате дома

0
Најкорисниот воен изум на сите времиња? Гарант го имате дома

Креаторот (мајор Thomas Dennehy) на отварачот на конзерва наречен „P-38“ веројатно никогаш не помислил дека неговиот изум создаден за време на Втората светска војна ќе стане една од најкорисните преносливи мулти-алатки на 20-от век.

P-38 e роден во деновите пред таканаречените MRE (Meal, Ready to Eat), со единствена намена да отвара К-ration конзерви. Мајор Томас (на сликата) го измислил за само 30 дена, летото во 1942 година. Делот со сечилото се отварал кога требало да се користи, па се склопувал кога требало да се патува. Притоа отварачот е дизајниран и за да не се крши, да не рѓосува, да не мора да се остри, или да се полира.

„P-38 е една од оние алатки кои ги чуваш и никогаш не сакаш да ги фрлиш“, вели американскиот воен полицаец Скот Кирали. А отворот на самиот отварач служи баш за тоа, за да го закачите на ланчето со воени значки, или во невоени услови – на прстенот со клучеви. Битно да ви е при рака.

Иако главната замислена примена била да отвара конзерви, P-38 е многу повеќе од тоа. Според некои, како Стивен Вилсон од Воениот оддел на Пентагон, P-38 има најмалку 38 употреби. Некои се претерани (колку за да стигне до бројката од 38), ама многу и не се.

Еве дел од нив: алатка за вадење конци, шрафцигер, чистач за нокти, сечило за рибарски конец, отварач за шишиња, чистач за ѓонот на чизмата, алатка за копање, чистач за тесни пукнатини, одбележувач, длето, лажиче за мешање кафе, отстранувач на трн при убод од пчела, нож за чистење риба, и сл.

Името на „гаџетот“ е сосема друга приказна. Некои велат дека потекнува од близу 38-те дупчиња што треба да ги направиш на конзерва за да можеш да ја отвориш. Други тврдат дека „P-38“ се однесува на ултра-брзиот воен авион со истата намена (да ја пробива непријателската одбрана). Но истовремено, отварачот е и долг 38 милиметри. Меѓутоа, го викаат и „Џон Вејн“, зашто е цврст и секогаш можеш да се потпреш на него.

Џон Вејн, actual photo.

Меѓу другите воени изуми што стојат рамо до рамо со P-38 се спомнуваат (барем во книгата на Ренита Фостер – насловена „The Best Army Invention Ever“) се спомнува и воениот шлем, кој низ војните се покажа и како многу корисен леген за миење и бричење, сад за готвење, и слично. Тука некаде е и воениот џип, кој може да пристапи до секаков терен во секакви услови.

Сепак, за многумина фаворит останува отварачот за конзерви. P-38, како и неговата поголема варијанта P-51, се делат во пакет со оброци и до ден денес, особено како хуманитарна помош во региони погодени од природни катастрофи или други неприлики. P-38 и P-51 можат да се купат дури и онлајн.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here