(ФОТО) Нуркач снимил како крв од фабрика го загадува морето

Тавиш Кемпбел е подводен фотограф, а последното негово дело прикажува доста вознемирувачка глетка во водите близу Британска Колумбија во Канада. Ова е еден од најубавите краишта на светот, кој е карактеристичен по кристалната вода, меѓу другото.

Веќе не, се чини. Тоа што Кемпбел го уловил на камера по повеќекратните нуркања и прилично темелната истрага на ситуацијата, е дека од блиската фабрика за преработка на риба се испушта огромна количина крв. Тоа го доведува во опасност и дивиот лосос кој живее недалеку од брегот.

„Ова е страшно за гледање. Во прашање се цели облаци од крв кои се испуштаат во заливот Браун“, вели фотографот. Тоа е не се.

Фабриката Браун Беј, од друга страна, се брани дека редовно прават дезинфекција на отпадните води пред да ги излеат во заливот. Но кога Кемпбел ги однел примероците од крвта на анализа, се покажало дека содржи вирус PRV, кој доведува до оштетување на срцето и скелетот кај дивите лососи.

Сепак, Кемпбел истакнува дека овие снимки не се со цел да ја демонизираат фабриката. Не, туку прстот го посочуваат во алчноста на човештвото (во случајов потрошувачите на таа риба што се произведува во фабриката), бидејќи не води сметка за животната средина и заштитата на живите видови.

 

 

- Реклама -