Зошто HP претстави нов iMac? (видео)

На полноќ, HP ја претстави новата линија комплетирани персонални компјутери, меѓу кои и водечкиот модел Spectre One. Веднаш по претставувањето, во медиумите осамнаа наслови: „HP го претстави новиот iMac“.

Ако ги погледнете првите фотографии од новиот модел, станува јасно дека се работи за нешто што изгледа како евтина кинеска копија на iMac, со залепено лого од HP. Дури и тастатурата и падот наликуваат на оние од производите на Apple. Во еден од написите на оваа тема дури се вели дека дизајнерите биле опседнати од духот на Стив Џобс.

Што се однесува до перформансите, Spectre One доаѓа со: 8 гигабајти рам меморија, USB 3.0, избор помеѓу HDD и SDD, Windows 8, двегодишна претплата на Norton Internet Security, комплетен Adobe Photoshop, како и посветени линии за техничка поддршка. Spectre One ќе биде првиот персонален компјутер со вградена NFC (near field communication) за комуникација со мобилни уреди. Цената на овој компјутер е 1.015 евра, што го прави еден од најевтините iMac компјутери на пазарот.

Во исто време со оваа вест стигна и веста дека Hewlett Packard планира да отпушти 29.000 работници, преку комбинација од понуди за предвремено пензионирање и откази.

- Реклама -