Пепси ли е, куче ли е… Ново вирално меме

На толку слики од смешни кучиња на Интернет, мораш да си посебно креативен ако сакаш да привлечеш внимание. Океј, може и не мораш. Доволно ти е капаче и етикета од Кока Кола. А да, и куче.

Трк со нас до Тајван да видите на што мислиме.

Како и сите апсурдни мемиња како ова, секогаш има почетна точка. Се смета дека ненамерниот иноватор на овој е Инстаграм корисникот/чката @yumiliu526, кој/а во јануари годинава го претвори своето кученце од расата шиба во шише Кока Кола. Се разбира, потоа истото го направија и други, а сега ете, го прави и цел Тајван.

Вадете кученцата и инстаграмирајте додека уште имате шанса да бидете уникатни. После веќе сите ќе го прават.

PS. Понекогаш, само понекогаш, успева и со мачки.

- Реклама -