Ретка снимка од 800 бели китови кои одат да се породат

Ретка снимка од 800 бели белуга китови (оние што личат на албино делфини) додека мигрираат кон нивното родно место Lancaster Sound (познат и како Tallurutiup Imanga) на северниот врв на Канада. Далеку од опасностите и предаторите, таму ќе ги родат малечките, но и ќе ја сменат кожата.

Инаку, белуга китовите се неверојатно друштвени и интелигентни цицачи кои живеат во арктичките и субарктичките региони на океанот. Обично патуваат во групи од по 2 до 10 индивидуи, освен кога мигрираат, како во видеово.

Белуга китовите се многу вокални животни. Поради распонот на звуци кои ги користат во меѓусебната комуникација, ги викаат „канаринци на морето“.

За разлика од другите китови, белуга китовите можат да ја мрдаат главата горе-доле и лево-десно.

Интересно е и што малечките се раѓаат кафени. По извесно време посивуваат, а дури потоа добиваат целосно бела боја. Некогаш им требаат и до 9 години.

- Реклама -