Македонската репрезентација забележа неверојатен скок на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за нови 9 позиции на ФИФА ранг-листата, со тоа по најновото рангирање, нашата репрезентација се најде на 76-то место по победата во пријателскиот меч со Норвешка од 2-0.

Македонија, за само 7 месеци скокна дури 90 репрезентации, напредуваше од далечното 166 место (кое природно им припаѓа на мали островчиња и државички кои никогаш не виделе фудбалска топка) до 76-тата позиција на која се наоѓаме денес.

Најновиот ранкинг е воедно и најдобриот пласман во последните три години, затоа што последен пат нашата репрезентација на оваа позиција била во август 2014 година. Најдобри бевме во 2008 кога не предводеше Среќко Катанец (46-ти).

Многу веројано е дека Македонија на оваа позиција и ќе ја заврши оваа 2017 година, со оглед дека во следниот период нема репрезентативни активности, па декемвриското рангирање е само потврдување на претходно обезбедените позиции.

- Реклама -