Стрелање со пречки, како во древни времиња

Сте знаеле ли дека со доволно вешто стрелање можете да погодите непријател што се крие позади дрво? Ни ние, ама затоа еве го Ларс Андерсен да нé увери.

Ама чекајте, ова не е ништо во споредба со сé тоа што Ларс може да направи со лак и стрела. Притоа, сето ова му е научено од древни списи, кога стрелањето на луѓето им било многу поприродно – како фрлање топче. Зборуваме за време кога за да можеш да се сметаш за стрелец, мораш да знаеш да стрелаш со двете раце, ама и да погодиш сечило додека си во движење така што стрелата ќе се расцвета на пола…

PS. Ако сте дудуци за лак и стрела, како ние, видеово од Smarter Every Day ќе ви разјасни пар основни работи.

- Реклама -