Почина тениската легенда Јана Новотна

Поранешната чешка тенисерка, Јана Новотна почина на 49 годишна возраст. Јана долго време боледувала од рак, а утрово ја загубила битката. Починала во родната Чешка, а последните мигови од животот ги поминала со својата најблиска фамилија. Јана Новотна е поранешен шампион на Вимблдон, во 1998-та кога триумфираше против Мартина Хингис во полуфиналето, што воедно и и се реваншираше за поразот во финалето од 1997-та на истиот турнир, за потоа да слави и против Натали Тозиа и да го крене пехарот на најпопуларниот Гренд Слем турнир.

Има играно две финалиња на Вимблдон, еднаш шампион, финале на Австралиан Опен, и два пати полуфинале, еднаш на Ролан Гарос и еднаш на УС Опен. Во двојки ги има освоено сите 4 Гренд Слем титули, а се натпреваруваше и за својата родна Чешка.

 

- Реклама -