Фотки во боја од Нацистичка Германија кои оставаат без здив

Црно-белите фотографии ни приближно не ја отсликуваат моќта на Хитлер како овие, во боја. Хитлеровата, нацистичка партија била позната по користењето симболика во својата кампања. Сите ја препознаваме по огромните пароли и масата луѓе до недоглед. Истата е копирана многупати, речиси во сите подоцнежни тоталитарни режими. Иако сите знаеме колку била моќна хитлеровата кампања, кога ќе ја видиме низ фотографии во боја, како во проектот LIFE остава без здив.



Целиот град завиткан во свастики е глетка која тешко се заборава. Но кога истата ќе ја видите во боја, сфаќате колку црвените банери не се вклопуваат во целиот пејзаж. Сето ова личи на огромен црвен бран кој го потопил секој ќош и секоја пукнатина на градот.

Тоа всушност и е ефектот кој Хитлер сакал да го постигне, дека Нацистичката партија е незапирлива сила која потопува сé пред себе. Единствена опција е да им се придружите.

- Реклама -