И полничка може да носи Викторија’с Сикрет

Табрија Мејџорс е моделка од Бруклин и протестира против Викторија’с Сикрет зашто се рекламираат само со перфектни женски тела. За да ја докаже својата поента, Мејџорс позираше во неколку од нејзините омилени парчиња на истиот тој бренд.

Е сега, ние овде нема да се преправаме и да ја величаме дебелината (како што прави останатиот интернет) како нешто што по дифолт треба да го сакате или кон кое ќе се стремите. Или дека Мејџорс е најзгодната риба што ја имаме видено…

Ние сакаме да си се сакате како личност. Ако си го сакате и телото – супер. Ако не си го сакате, и ви пречи, поработете на тоа, било ментално или во теретана. Или не морате. Ваш живот си е.

Галеријава ја споделуваме зашто можеби на некои во нешто ќе им помогне. А и затоа што Мејџорс си ја докажа поентата: не мора сé да биде 90-60-90 (или кои и да важат денес за совршени пропорции) за да изгледа добро.

- Реклама -