Зошто Никола Тесла реши да умре девица

Покрај фактот што е еден од најзаслужните умови на човештвото чии иновации се темел на денешниот модерен свет, она што јавноста отсекогаш ја интригирало кај Никола Тесла бил и неговиот апсолутен (барем навидум) имунитет кон женската магија.

Тесла никогаш не се оженил, ниту официјално имал девојка, но тоа не значи дека жените не лудувале по него (напротив, недостапноста дополнително ги привлекувала).

Зошто ги одбивал, но и делумно зошто не се оженил, му открил на својот пријател – српскиот поет Лазо Костиќ. Тие редовно се допишувале, а во едно од писмата Костиќ му предложил да се ожени со Ленка Дунѓерски – една од најубавите и најобразовани девојки од нивното време, 25-годишна, и наследница на еден од најбогатите Срби во тоа време. Никола Тесла одговорил:

„Бракот не ме интересира. Јас сум одамна венчан за науката“

Се вели дека Никола на Ленка ѝ бил мошне интересен, а со оглед дека бил познат и како маркантен и згоден маж кој пред себе има голема иднина, големи биле шансите бракот да се случи, само ако Тесла прифател.

Но Тесла не верувал дека човек може да има сé. Верувал дека љубовта/бракот ќе му ја попречува работата, па инсистирал да остане сам. Во една прилика има речено:

„Не верувам дека можете да ми наброите многу добри изуми на оженети луѓе“.

Секс: Или многу, или ич

Истиот став кон бракот и љубовта го имал и кон сексот, но уште поригорозен: дека сексот не само што ќе му ја попречува работата, но и ќе биде погубен по неговиот интелект. Затоа живеел во целибат.

„Има два пата – или многу, или ич секс. Средината служи за обновување на човечкиот род. Премногу секс кај познатите луѓе ја потхранува и засилува виталноста и духот. Кај други луѓе, апстиненцијата од секс го прави истото тоа. Јас го избрав овој вториот пат“, рекол Никола Тесла во интервјуто за магазинот „Бесмртност“ кое го дал во 1899 година од својата лабораторија во Колорадо Спрингс.

Иако ова биле главните причини, одлуката на Тесла да се држи настрана од жените била резултат и на неговиот општ став кон нив и времето во кое се живеело (а денес е уште поизразено). Имено, растечката тенденција на жените „да ја фрлаат машкоста во сенка“ ја сметал како знак дека цивилизацијата се движи кон пропаст. Повеќе за тоа, ТУКА.

- Реклама -