Зошто Тесла не се оженил

Тесла од времето кога беше инструктор по пливање.
Тесла од времето кога беше инструктор по пливање.

Во едно ексклузивно интервју за Galveston Daily News во 1924 година, во време кога политичката коректност не ги цензурираше размислите на сензитивните теми, Никола Тесла објасни зошто не се оженил.

Според него, жените се супериорни во однос на мажите, или барем биле, пред таквата жена да исчезне, а на нејзино место  да дојде „жената која смета дека нејзиниот главен успех во животот е да се изедначи што е можно повеќе со мажот, преку облеката, гласот и постапките, спортот и секакви други видови достигнувања“.

„Жените стануваат посилни од мажите, и физички и ментално. Светот има доживеано многу трагедии, но според мене најголемата од сите е денешната економска ситуација во која жените се натпреваруваат со мажите и во многу случаи навистина успеваат да го заземат нивното место во професиите и индустриите. Оваа растечка тенденција на жените да ја фрлаат машкоста во сенка е знак дека цивилизацијата се движи кон пропаст“, рече тогаш Тесла, додавајќи дека сите достигнувања на мажите се инспирирани и поттикнати од љубовта кон жената, но дека жените наместо победници – се ставаат во улога на жртви.

„Во нејзиниот живот нема задоволства. Таа е амбициозна, честопати над своите природни способности, да постигне сѐ што сака. Жените премногу често забораваат дека не можат сите да бидат примадони и филмски ѕвезди“, сметал Тесла.

Според него, бездната во која од овие причини ќе потоне нашата цивилизација може да се спореди со ситуацијата на пчелите, мравките и другите инсекти, кај кои женките бескомпромисно ги убиваат мажјаците.

„Во таа матријархална империја ќе бидат воведени женски правила“, заклучува научникот.

Ги мразел и се плашел од жените, или пак премногу ги сакал и почитувал? Веројатно само Тесла си знае; ние другите ќе го судиме, браниме или учиме од него – во зависност од сопствениот мајндсет со кој му ги читаме зборовите.

ПС. Тесла никогаш не бил инструктор по пливање, иако сликата се шири по интернет тврдејќи го спротивното. Шмеќерот на сликата, колку и да личи на него, дефинитивно не е Тесла.

- Реклама -