Како изгледа влечење јаже во вселената (видео)

Што ќе се случи ако играш влечење јаже во вселената? Ќе победи ли посилниот и потешкиот, како на Земјата? Се разбира дека не. Зборуваме за вселената, а таму сé се случува поинаку.

Во случајов со влечењето јаже, двете страни ќе завршат во непланирана прегратка. Причината, очекувано, е третиот Њутнов закон за движење: за секоја акција, постои еднаква сила што дејствува во спротивна насока. Се разбира, на Земјата тој закон е помалку евидентен поради гравитацијата (извинете рамноземјаши), која ве држи во место.

Како и да е, колку и да тупиме со теорија, во пракса изгледа многу позабавно. Видеото ќе мора да го гледате директно на LiveScience, на ЛИНКОВ.

- Реклама -