Ограбена банка во Аеродром

Денес околу 11:30 часот е извршен оружен грабеж на експозитура на Стопанска банка во општина Аеродром, на улицата 1613.

Вооруженото лице влегло во банката и под закана со огнено оружје, одзело одредена сума на пари, којашто засега не е позната на јавноста.

Вработено лице во експозитурата случајот го пријавило во МВР, по што е извршен увид на местото на настанот и се води истрага за негово расчистување.

- Реклама -