Зошто е убаво да си прдиш пред саканата/иот

Кога лани магазинот Mic направи анкета врз 125 луѓе, половина од испитаниците признаа дека прдат пред партнерот. Повеќето чекаат од два до шест месеци пред да го пробијат мразот, над една петина се опуштиле после само неколку недели, а една четвртина чекале меѓу 6 месеци и една година. 7% викаат дека никогаш немаат прднато пред другиот. Една третина сметаат дека е океј да почнете да се „луфтирате“ пред другиот откако ќе почнете да преспивате еден кај друг.

Интересно, макар што сосема очигледно, е дека постои голема разлика меѓу половите во овој поглед: дури 73% од тие што чекаат партнерот прв да прдне се жени.

Како и да е, главниот заклучок од анкетата е дека прдежите се знак на удобна врска (како што веќе знаат сите што си прдат со саканите). Еден од прашаните, извесен Мајк, објаснува (за оние другите):

„Прдежите се едноставно смешни. Штом еднаш ќе ја сфатите смислата за хумор на другиот и веќе можете да се поврзете на полично ниво, станува полесно да се соочите со овие смешни природни појави“.

Повеќето среќни парови се сложуваат дека моментот кога станувате грозни едни пред други е моментот кога врската може вистински да почне.

Заклучоциве ги потврдуваат и експертите. Џејми Хергенрадер од Women’s Health вели дека е здраво за партнерите да пуштат по некој гас одвреме навреме. „Ако градите врска, тоа всушност може да ја зајакне“, пишува таа.

Љубов е… кога веќе не мораш да се стискаш.
- Реклама -