Home Букаке Забава Тужел авиокомпанија зашто му послужиле пенливо вино наместо шампањско

Тужел авиокомпанија зашто му послужиле пенливо вино наместо шампањско

0
Тужел авиокомпанија зашто му послужиле пенливо вино наместо шампањско

Канаѓанецот Даниел Мекдаф многу буквално ја сфатил онаа „биди промената што сакаш да ја видиш“, па отишол во другата крајност – ситничарење.

Додека летал за Куба, очекувал да го послужат со скапо вино од францискиот регион Шампањ (шампањско, нели). Арно ама, компанијата му послужила нешто друго.

Од Sunwing (авиокомпанијата) се жалат дека Мекдаф многу буквално ги има сфатено и нивните промо материјали, во кои ветуваат „шампањски одмори“ и „шампањска услуга“. Велат дека со тоа сакале да го опишат степенот на услугата што ќе ја добијат патниците, а не конкретното вино. Затоа тужбата на Мекдаф ја сметаат за несериозна.

Неговиот адвокат, од друга страна, го брани дека не се работи за ситничарење, туку за обид да се укаже на пораката која им се праќа на потрошувачите. „Ако планирате да ги намамите клиентите со тоа што нешто ќе промовирате, а на крајот тоа не им го овозможите, тогаш не сте чесни“.

На крајот Sunwing ја свитка опашката и го избриша секое спомнување на „шампањско“ од своите промо материјали. Уште служат пенливо вино.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here