Се исплашиле од знаме на Џек Даниелс, дека Исламска држава

Швајцарец добива писмо од комшии. Писмово полно со загриженост, и едно искрено прашање: „Дали си симпатизер на Исламска држава?“.

Приказнава е како од South Park. 29-годишниов Швајцарец обесил „знаме“ со логото на Џек Даниелс на бандерата пред својот двор. Не му е прв пат да вее знамиња, а ова му изгледало смешно, вели.

Како и да е, набрзо откако го поставил, наидува на порака во сандачето:

„Треба ли да се плашиме од тебе? Прво стави италијанско знаме, а сега знамето на црната смрт. Дали си симпатизер на Исламска држава?“

Доле потпис: „Загрижени соседи“.

The actual flag.

Ај да замислиме дека Швајцарецов стварно бил симпатизер на ИСИС. Што очекувале комшииве да им одговори?

Шегаџијата вели дека од поплаката наваму се чувствува мошне непријатно, и затоа седи со спуштени ролетни, за никој не може да му види дома. Истовремено, одбива да го тргне знамето. Истовремено, се закажува со тужба кон авторот на писмото, за нарушена репутација. Искрено, се надеваме дека трола.

Во меѓувреме, сите негови соседи негираат дека учествувале во пишувањето на пораката. Веројатно сфатиле дека се изиграни, па сега никој не сака да признае дека паднал на фората.

- Реклама -