Работник на денот

Не ја знаеме приказната, ниту пак намерата на работников од Шангај, ама веројатно вака би изгледал гличнат (дефектен, по нашки) робот од блиската или далечна иднина кога роботите ќе ги извршуваат повеќето работи што ние не ги сакаме.

Како и да е, веројатно најблиску до реалноста опишана во видеово е наводната изрека од Советскиот сојуз: „Тие се преправаат дека ни плаќаат, ние се преправаме дека работиме“, со која, патем, целосно сочувствуваме.

https://youtu.be/pyrErvU7_8M

- Реклама -