Христијан Кировски со гол на неделата во Европа (видео)

Погодокот на македонскиот интернационалец Христијан Кировски во рамките на шампионатот на Израел е во изборот на најдобрите голови изминатиов викенд на европската сцена.

На дуелот за неговиот Хапоел Рамат Хашарон, Кировски го постигна вториот гол во 66. минута во победата од 3:1 над екипата на Хапоел Акра. Прекрасниот удар со ножички е сместен меѓу најдобрите потези овој викенд, според поголемиот дел европски ТВ канали кои ги издвојуваат најубавите голови од секое коло во националните европски првенства.

{youtube}TUmQXG6ZwOM{/youtube}

- Реклама -