Зошто во 18-ти век им требало 7 минути да се облечат

Ги гледате жените од 18-ти век по филмови и како и ние претпоставувате дека се работи за еден фустан со корсет. А во реалноста… се 560 парчиња облека за кои ти требаат 7 и кусур минути да ги облечеш, под услов да имаш помошнички. И бонус, фустаните имале џебови. Големи џебови.

Е сега, можеби забележавте дека девојкава ја обложија од сите страни, ама одоздола малку послабо. Со други зборови, ја оставија без гаќи.

Веднаш си мислите, „па нормално, кој ќе соблекува петсто парчиња облека за да има секс, вака е полесно“. Ама не е тоа. Океј де, можеби е и тоа, ама има и нешто поважно. Одење во веце. Ако тоа ви се чини тешко изводливо со волку многу текстил на себе, макар и без гаќи, се лажете. Ептен е лесно.

https://youtu.be/NUHeSTDv_24?t=150

- Реклама -