Може ќе треба да поживееме без ванила

Сладоледот од ванила може наскоро да стане луксуз. Причината е циклонот што го погоди Мадагаскар и доведе до голем недостаток на една од најпопуларните состојки, како што и самите знаете.

Ванилата се користи во еден куп производи, од сладоледи до слатки и кафе. На Мадагаскар се произведува скоро половина од светската количина.

Паралелно со намалување на количините на ванила „во оптек“, циклонот на Мадагаскар доведе и до раст на цената на количината што е во продажба. Како резултат, загрозени се многу производители на сладолед.

- Реклама -