Lucid Motors покажа обновена верзија на Air

Lucid Motors ја покажа најновата верзија на луксузниот електричен Air модел на изложбата во Монтереј. Главните промени се поврзани со мали детали во дизајнот, но од страна на компанијата не дадоа информации дали има нешто различно во однос на погонот или батеријата.

Се претпоставува дека активностите на Lucid Motors во Калифорнија и новата презентација на  „варијација на тема“ – Air,  се со единствена цел компанијата да најде инвеститор кој ќе ги обезбеди потребните средства за сериското производство на луксузниот модел. Пред неколку недели стана јасно дека гигантот Ford нема интерес да го прземе Lucid и покрај шпекулациите на оваа тема во американските медиуми, па ваквиот потег велат експертите е сосема очекуван.

Креаторите на Air објавија дека моделот е „подготвен за инсталирање на систем за автономно движење” и повторно објаснија дека автономијата со едно полнење е 600 километри, а моќноста е 1000 коњски сили.

- Реклама -