Како да знаеш која да си ја чуваш – совети од женети за неженети

Поседиш ли во денешно време на интернет по социјалниве мрежи, ќе ти се причини дека моногамијата е комплетно застарена работа и дека врвот на еволуцијата е да си сингл или во „отворена врска“. Меѓутоа, сепак постои малцинство (употребуваме „малцинство“ заради ефект, не како факт) што уште верува во љубов и сака да ја најде онаа „вистинската“. Во страв дека се малцинство, и дека таквите искрени романтичари како нив се бројат на прсти, луѓето знаат да избрзаат во изборот на „таа правата“, па ставаат бурми каде што (подоцна се покажува) не им е местото.

За нивна среќа, за да не мораат да учат од своите грешки и погрешни проценки, се собрале мажи на Редит за да споделат искуства и совети за тоа како да ја препознаеш вистинската. Добар дел од нив важат и за жените. Еве дел од најдобрите (според нас и според публиката на Редит):

  1. Ќе звучи чудно, ама кога брат ми ме праша како знам дека жена ми е „таа“, му реков дека да се биде околу неа ми е како да сум сам, ама малку подобро.
    За мене, дури и кога висам со некои од најдобрите пријатели, може да биде малку заморно. Со жена ми, отсекогаш беше едноставно лесно… Мислам дека тоа е љубов (за мене).
    Исто така, еден пријател еднаш ми рече дека „љубовта не е нешто што го чувстсвуваш, туку нешто што го правиш“. Да чувствуваш љубов и да му кажуваш на некој дека го сакаш не е доволно – мораш да го покажеш тоа со твоите дела.2. Избери некој/а со која имате заеднички интереси и (животни) филозофии. Добар г’з е супер, ама да ја слушаш да ти мрчи секој ден за нешта без поента – не вреди.2а. Најди личност на која ѝ се важни твоите интереси, или барем искрено ќе те поддржува во нештата што те прават тебе – ТИ. Дури и ако нејзе ѝ се од мал интерес. Жена ми пет пари не дава за мал фудбал, ама доаѓа на моите натпревари за да ме бодри и навива. Прекрасно ми е што е таму меѓу публиката.

    3. Ако не сакаш да допуштиш да бидеш ранлив кон твојот партнер, не си спремен (за брак).

    4. Доста бркаш жени повеќе отколку што ги следиш своите пасии. Луѓето со страст (за нештата) се многу атрактивни – без разлика на тоа како изгледаат.

    5. Кога се расправаме, никогаш не е „јас“ против „ти“. Секогаш е „ние“ против проблемот.

    6. Биди искрен. Биди брутално еб*но искрен. Осигурај се и дека таа е искрена кон тебе.
    Кога луѓето излегуваат на состанок или се обидуваат да фатат некого, често им се испушта да кажат нешто што мислат дека другиот сака да чуе, или да претстават верзија од себе самите што мислат дека другите сакаат да ја видат. Тоа работи, ама на кратки стази. Долгорочно гледано, за никаде е. Биди искрен, најди некој што ќе те сака искрениот ти, и тогаш си злато.
    Со жена ми сум 10 години, се сретнавме на возраст од 20. Поминавме 4 супер години, па една УЖАСНА година – период кога научивме да мора да бидеме навистина искрени еден кон друг, следени од 5 еб*но прекрасни години – кога научивме дека тоа што искрено го сакаме и јас и таа е всушност истото нешто.

    7. Не брзај, од ниту една причина. Ако е „правата“, ќе биде тука и кога ќе дојде правото време. Ако не е „правата“, ќе те остави пред да се земете, па нема да мораш да поминуваш низ развод (особено техничките аспекти)!

    8. Ако си со некој/а и помислиш „хм, малку ме мачи кога го прават тоа“ – секогаш ќе те мачи. Не почнуваш магично да ги сакаш нештата што порано те мачеле. Ако не дискутираш за тоа (на зрел, смирен и неофанзивен начин), или барем не се обидеш да сфатиш зошто другиот го прави тоа нешто што те мачи, само ќе станува полошо и полошо.
    Возрасните се тоа што ќе бидат и во иднина. Да се надеваш дека некој ќе се смени е пропадната кауза, и подобро е да бидеш со некој со кого си природно компатибилен. Ниту ти сакаш (не ти е во интерес) да обликуваш некого во твојата идеална личност, ниту пак луѓето сакаат да бидат обликувани.

    9. Уживај во своето време. Да се биде женет и да си сингл се две различни нешта, и и двете имаат свои предности.

- Реклама -