Две жени повредени во секс во тројка

Тоа што сексуалната дружба на едно попалено трио во германското гратче Бад Брејсиг завршило со две жени со искршени коски сместени во болница, е всушност добра ствар. Можело да биде и полошо, пренесува хрватски „Јутарњи“.

Имено, авантурата се случувала на балкон, на околу 3 метра висина, што е и главната причина за исходот. Во моментот на „најубавото“, првата жена паднала преку оградата и се здобила со скршеници на стапалото и ногата. Нејзината гола пријателка тргнала да ја спасува, но во паниката се лизнала на скалите, паднала и се здобила со скршеници на раката и вратот. Мажот, кутриот, откако повикал Брза помош, бил приморан да им ја раскаже ситуацијата.

Во меѓувреме, откако се расчу случката, се нашол некој паметен да искоментира: „Следен пат нека пробаат секс со окови или со врзување“. Побезбедно е така.

Слободен печат

- Реклама -