Народна банка ќе пушти монети што се тегнат

Се работи за колекционерски монети во 50 примероци, со апоен од 2.000 денари. Според еден македонски портал (ќе го оставиме анонимен зашто не е единствен), монетите и ќе се тегнат.

Патем, не е наведено колку долго ќе се тегнат. Можеби колку што е долга листата на македонски медиуми што мислат дека пари се пуштаат во „оптег“ наместо во „оптек“.

Изгуглајте и изгуглајте2, и бришете солзи со правописот и граматиката.

- Реклама -