Шеф ги однел вработените на одмор во Шпанија

Сопственикот на една британска компанија – Ијан Лукас, ги одвел сите свои 42 вработени на одмор што веројатно долго ќе го паметат.

Им уплатил тридневен престој во едно од најлуксузните одморалишта во Шпанија, а освен полниот пансион, платил и за забава, залихи на шампањ, ама и екскурзии. Неговата компанија оваа година слави 20-ти роденден.

„Можеби повеќе ќе се радуваа на пари, ама сакав сите заедно да го прославиме успехот на нашата компанија. Дваесет години работа се зад нас, а резултатите се фантастични. Некои од вработените се со нас од самиот почеток; нив посебно им благодарам, за сé“, вели шефот.

Вработените веќе планираат како да го прослават 50-тиот роденден. Шефот бил известен дека сакаат да одат во Лас Вегас. На шега, се разбира.

- Реклама -