Коза vs. канцеларија

Вработените на Argonics Inc., како и секој друг понеделник, и овој пат прописно си се појавиле на работното место во нивната канцеларија во Колорадо. Но, на нивно изненадување, предните стакла на канцеларијата биле искршени. Внатре, пак, ништо не било украдено.

Се чуделе што се чуделе, па ја пуштиле снимката од безбедносната камера. Се покажало дека вандалот е страшно голем серко во форма на коза. Да е незадоволен клиент ќе биде подеднакво чудно, бидејќи Argonics се бават со производство на полиуретен. Ама којзнае, може не е задоволна од изолацијата…

Веројатната причина е дека си го видела одразот во стаклото и мислела дека е друга коза што ѝ бара ферка, ама да не ја расипуваме забавата.

- Реклама -